Радев: Бугарија не прифаќа лекции за демократија од Турција

од Vladimir Zorba

 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека неговата земја нема да прифати лекции за демократија од Турција.

– Бугарија не им дели на другите лекции за демократија, но и не прифаќа, пред се, не од држави кои не го почитуваат владеењето на правото, истакна Радев.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Бугарија поради „вршење притисок“ врз Турците во дијаспората, кои во Бугарија се најголемо етничко малцинство

Радев посочи дека се надева оти општите избори во Бугарија, што ќе се одржат в недела, ќе бидат мирни.

– Бугарија е европска земја која ги следи своите закони, а не туѓите емоции, посочи Радев.

Бугарија минатата недела ја обвини Турција дека се меша во бугарските избори, откако беше објавено дека еден турски министер се заложил за партијата ДОСТ, една од двете политички фракции, кои претставуива повеќе од 500.000 бугарски Турци.

Оттогаш бугарските безбедносни служби протераа двајца турски државјани и на уште тројца им забранија влез во земјата.

Слични содржини