Радев: За нас е многу важно географската одредница да не вклучува дел од територијата на Бугарија

од desk4

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој денеска и утре е во официјална посета на земјава, изјави дека за Софија е многу важно името кое што ќе произлезе од преговорите меѓу Македонија и Грција, да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува дел од територијата на Бугарија.

-Решението на проблемот за името ќе се случи во директни и чесни преговори кои се водат меѓу Македонија и Грција. Но, се разбира, овие преговори не засегаат и нас, бугарската страна. За нас е важно новото име, што ќе произлезе од овие преговори, да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува дел од територијата на Бугарија. Јас се надевам дека ќе се изнајде разумно решение кое ќе ги задоволува сите страни, изјави Радев на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Слични содржини