Актерите Рајан Гослинг и Ема Стоун во моментов преговараaт со режисерот Дамиен Шазел за учество во неговиот последен мјузикл “La La Land”.Ryan+Gosling+Emma+Stone+y1eb8nPMB8Vm

Двајцата актери, за кои тоа нема да е прв заеднички проект, сѐ уште не се потписници официјално на договор за учество во лентата, но снимањата треба да започнат оваа есен.

Според Шазел филмот ќе претставува класичен мјузикл, чие дејство ќе се развива во денешен Лос Анџелес и ќе ја раскажува љубовната приказна помеѓу џез пијанист и амбициозна актерка.

Меѓу споменатитеимиња  пред тоа за учество во лентата е и актерката од филмовите за Хари Потер Ема Вотсон, која сепак ја одбила улогата заради учеството во екранизираната верзија на класиката на “Дизни” “Убавицата и ѕверот”.

Слични содржини