Рајан Рејнолдс ги започнал тренинзите за „Дедпул 2“

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ги обнови фитнес тренинзите во подготовка за претстојното продолжение на филмот “Дедпул” (Deadpool), објави “Контакт мјузик”. 40-годишниот актер се враќа во улогата на стартниот антихерој, а неговиот личен тренер Дон Саладин му помага за враќање во форма.

Саладин сподели видео во “Инстаграм” што покажува како актерот тренира.

И покрај успехот на првиот “Дедпул” во 2016 година, продолжението претрпе познати одложувања, главно бидејќи режисерот Тим ​​Милер го напушти тимот. Во лентата повторно ќе ги видиме Стефан Капичич и Брајан Хилдебранд. Вториот дел, во режија на Дејвид Леич, се очекува во кината во јуни 2018 година.

Слични содржини