Рајското летувалиште во голема опасност: Вулканот само што не експлодирал, се евакуираат илјадници луѓе

од desk2

Вулканот Агунг, кој се наоѓа на околу 75 километри од главните туристички центри Кута и Семинјак, исфрлил чад во висина од 700 метри над својот врв.


Илјадници луѓе кои живеат во близина на вулканот на Бали денес ги напуштиле своите домови во страв од ерупција, прва по повеќе од 50 години, соопштиле индонезиските власти.

Околу 30.000 жители на местото Карангасем, меѓу кои некои бегале и кога во септември се заканувала ерупција, ги напуштиле своите домови, рекол локален службеник.

Последната ерупција на Агунг се случила во 1963-тата година, кога вулканот исфрлил пепел се до Џакарта, оддалечена на околу 1.000 километри.

Слични содржини