Ракометарите на Вардар го запишаа вториот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во „Блауграна“ Барселона со 31:30 го совлада Вардар кој се покажа како многу сериозен противник и докажа дека оваа сезона има квалитет за највисок пласман во елитното натпреварување.

rakometari vardar

Домаќините почнаа силно и веќе во 6.минута поведоа со 5:1. Тренерот на Вардар Раул Гонзалес побара тајм-аут по што следуваше подобра игра на „црвено-црните“ и доближување на минус еден (8:7) во 13.минута. Каталонците уште една стигнаа до четири голви предност (13:9) за на полувреме да се отиде со 16:13.

Вторите 30 минути македонскиот првак ги почна со серија од 4:0 дојде до првото водство 17:16. Следуваше период на изедначена игра со наизменичи реализации. Така беше до 50.минута кога каталонскиот тим ја врати предноста од полувремето(25:22). Вардарци не се предаваа и во 26.минута намалија на 28:27,но не успеаја да направат пресврт.

Најефикасен во составот на Вардар беше Сергеј Горбок со девет голови. Кај Барселона се истакна Жалуз со 13. Кире Лазаров само еднаш од осум обиди се запиша во листата на стрелците.

По оваа рунда Барселона се искачи на првото место на табелата во Б-групата со 11 бодови, Вардар падна на второто место со 10.

Овие две екипи по седум дена ќе играат во Скопје.

Слични содржини