Рама и Мета го поздравија усвојувањето на Законот за јазиците

од desk4

Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во македонскиот Парламент претставува историско постигнување за Албанците, кој ја демократизира и зајакнува самата земја.

Албанскиот претседател Илир Мета кој е во посета на Љубљана, го поздрави донесувањето на законот оценувајќи го како, значаен акт не само за Албанците, туку и за европската иднина на Македонија.

Слични содржини