Рама ја уценува ЕУ заканувајќи се со војна, оцени Вулин

од Vladimir Zorba

Албанскиот премиер Еди Рама со своите изјави сака да ја уцени Европската Унија, оцени српскиот министер за работа, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, додавајќи дека Рама е подготвен да предизвика војна и судири на Балканот.

Реакцијата на Вулин доаѓа откако Рама изјави дека ако перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжи да бледее, не ја исклучува оможноста за бединувањето на Албанија и Косово. Вулин истакна дека ова не е прв пат премиерот на Албанија да се заканува.

– Обединувањето на Албанија и на Косово не може да се направи по мирен пат и не може да се случи без војна и без големи несреќи. Еди Рама ќе ги повторува ваквите изјави и ќе продолжи да ја уценува ЕУ до оној момент додека Брисел не му стави јасно до знаење дека таквото однесување е неприфатливо и дека ќе биде, не само осудено, туку и казнето – рече Вулин.

Тој истакна дека на Рама треба да му се каже дека не може да предизвикува војна и дека со такво однесување сигурно нема да стане член на ЕУ.

– И не треба да стане членка на ЕУ, затоа што оној кој е во состојба да се заканува со војна за да ги исполни своите политички цели, не заслужува да биде членка на ниту една Унија, па ни на ЕУ – истакна Вулин.

Слични содржини