Рама за „Телеграф“: Не нè оставајте на Русите

од desk2

Во интервју за британскиот весник „Телеграф“, премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека ако администрацијата на Трамп го игнорира Балканот, регионот е во опасност да падне под руско влијание.

Во врска со влијанието на САД на Балканот, Рама истакна дека „без поддршка на САД, Балканот нема да биде место каде што ќе има мир и соработка“.

– За САД овој реон е стратешки многу важен и САД се многу важни за нас – додаде Рама.

Слични содржини