Рамадани за Алсат М: ДУИ е неискрена со изјавите за одење во опозиција – тоа е тактизирање, да се покаже пред Албанците

од desk2

За аналитичарот Исмет Рамадани ДУИ е несикрена со изјавите дека ја разгледува опција да премине во опозиција, информира Алсат М.

Тој вели дека оваа алтернатива на ДУИ е само тактизирање за да покаже пред Албанците дека националниот интерес е примарен. Според Рамадани, тактизирањето на ДУИ се должи на тоа што оваа партија сака и натаму да ја остави отворена вратата за ВМРО-ДПМНЕ иако Рамадани е убеден дека ДУИ ќе биде дел од владата.

„Убеден сум дека ДУИ нема да остане опозиција, се работи за тактизирање можеби и да се даде важност на позицијата која ја има ДУИ сега и да ги убеди албанските гласачи дека сепак, тие се заинтересирани и дека примарно за нив е да се инкорпорира во целото владеење интересот на Албанците. Ако е така добро е, но минатото тешко некако создава убедување кај албанските гласачи дека целото ова има своја искреност. Како и да е, сметам дека има и други фактори кои влијаат, значи надворешниот фактор кој на некој начин и го покажа патот на ДУИ како треба и каде треба да го има местото и сум убеден дека така е, очекувам да се формира влада и ДУИ да дел од истата„ 3-35 Не верувам дека е до крај искрена оваа опција“, вели аналитичарот Рамадани./извор Алсат М

Слични содржини