Раниери: Војната со Мурињо ни е праисториска

од desk3

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери изјави дека војната меѓу него и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е праисториска.

10-ranieri

Двајцата никогаш не биле во пријателски односи, уште од времето кога Мурињо го наследи Раниери во Челзи, за да ги преземе лондончани за прв пат во својата кариера. Тогаш Португалецот го нарече својот претходник “губитник”. Сега сепак Раниери смета дека односите им се нормални и додаде дека би прифатил да пие чаша вино со Мурињо.

“Оваа војна е праисториска. Беше многу одамна. Сега односите ни се нормални. Јас го сакам црвеното вино, па ако тој ме покани, ќе прифати да пиеме по чаша заедно”, рече Италијанецот.

“Мурињо е одличен менаџер. Тој е интелигентен и фантастичен човек. Секој менаџер сепак си има сопствени правила по кои постапува, па е нормално тој да критикува. Во Лестер не, но во други тимови морав да ги критикувам играчите. Тоа се психолошки трикови со кои треба да се ракува “, додаде Раниери.

Лестер гостува на Манчестер Јунајтед во саботата, а до сега “црвените ѓаволи” имаат 9 поени од 5 натпревари – 2 повеќе од “лисиците”.

Слични содржини