Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ ноќеска го совлада шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 2:1 во сетови и се пласира во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, САД.

Milos-Raonic3-640x360-640x320
Надал го доби првиот сет со 6:4, во вториот сет по голема борба славеше Раониќ во тај-брејк со 12:10, а во решавачкиот трет сет беше 7:5 за канадскиот тенисер. натпреварот траеше три час.

Ова воедно беше прв успех за раониќ во шестиот дуел со Надал.

Противник на Раониќ во полуфиналето ќе биде Роџер Федерер (Швајцарија). Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Енди Мареј (Велика Британија)./MIA

Слични содржини