Раперот Ламар со најмногу номинации на MTV Video Music Awards

од Vladimir Zorba

Американскиот рапер Кендрик Ламар, неговата сонародничка Кети Пери и Канаѓанецот The Weeknd се водечки според бројот на номинациите за престижната награда MTV Video Music Awards. Листата на претендентите ja објави во вторникот музичкиот телевизиски канал МТВ. Видеото на Ламар “Humble” е номинирано за награди во осум категории, вклучувајќи ја и најпрестижната “Најдобар спот на годината”.

Во оваа категорија исто така се борат Weeknd со видеото “Reminder”, Американецот Бруно Марс со “24K Magic”, Канаѓанката Алесика Кара со песната “Scars To Your Beautiful” и диџеј Халид со видеото “Wild Thoughts”, со учество на Ријана и Брајсон Тајлер.

Спотот “Chained to the Rhythm” на Кети Пери е номиниран во четири категории, вклучувајќи “Најдобро поп видео” и “Најдобри визуелни ефекти”.

34-тата церемонија на врачување на MTV Video Music Awards ќе се одржи 27-ти август во Ингелууд (Калифорнија).

Слични содржини