Расел Кроу ќе ги цени азиските филмови достојни за австралиските „Оскари“

од Vladimir Zorba

Холивудската ѕвезда Расел Кроу ќе го предводи жирито кое ќе ја избере најдобрата азиска продукција во текот на Австралиските филмски награди оваа година. Категоријата ќе биде за прв пат дел од филмските награди во Сиднеј и е дел од проектот на Австралиската академија за филмска и телевизиска уметност (AACTA) да воспостави врска меѓу филмската индустрија во земјата и најблиските нејзини соседи.

“Во Австралија гледаме огромен интерес од страна на публиката кон азиското кино, а и се зголемуваат сè повеќе копродукциите меѓу западната и азиска кинематографија”, изјави денеска директорот на AACTA Демијан Травела.

Тој додаде дека зголемената кинеска и индиска дијаспора покажала значително влијание врз австралиските трендови во благајните и киното, заедно со емигрантите од Јужна Кореја и Јапонија. Другите членови на жирито за азиска филмска уметност ќе бидат кинескиот режисер Лу, индискиот актер Анупман Кер, мандаторот на “Оскар” продуцент Гери Курц, како и наградуваниот корејски сценарист, режисер и продуцент Ким Ки Дук.

Слични содржини