На ден пред најавениот трет протестен марш, средношколците се жалат на засилени притисоци.

Матурантите велат дека секојдневно од нив се бара да потпишуваат пријави за полагање на државна матура по новиот концепт, а закани стигнувале и до професорите и родителите, пренесува 24Вести.

Од Средношколскиот пленум велат дека од понеделник може да го прекинат бојкотот на наставата бидејќи имаат изгубено многу часови, но тие размислуваат за нов начин на радикално делување против како што велат игнорантскиот однос на надлежните и лошите образовни реформи.

За утрешниот трет протестен марш средношколците добија официјална поддршка од Студентскиот, Наставничкиот и Професорскиот пленум./извор 24Вести

Слични содржини