Расте бројот на предвремени породувања во кумановската болница

од desk4

Расте бројот на предвремените породувања на ниво на држава, но и во Куманово, потенцираат надлежните од кумановската Општа болница, на денешниот Светски ден на предвремено родените деца.

Според податоците на болницата, во 2015 година имало вкупно 19 предвремено родени деца, а во 2016 таа бројка изнесувала 27. Постојат повеќе причини кои што доведуваат до предвремени породувања.

– Првично, затоа што Светската здравствена организација го намали критериумот од 28 гестациска недела на 24 гестациска недела, а тежината е 500 грама, со тоа Македонија како релативно неразвиена земја влегува во земјите каде што бројот на предвремени породувања, за жал, се зголеми. Тоа е еден од факторите меѓутоа и нашите локални фактори, тоа е нашата социо-економска состојба што доведува до поретко одење на контроли па и можеби некои пропусти во текот на следењето на бременоста, изјави д-р Лидија Јовчевска, гинеколог во Општа болница Куманово.

Слични содржини