Најмалку 43 лица загинаа во шумски пожар во реонот на португалскиот град Леириа во централните делови на земјата.

Повеќето од жртвите се наоѓале во своите автомобили, објавија светските агенции. “Се соочуваме со ужасна трагедија”, истакна португалскиот премиер Антониу Кошта, соопштува Канал 3.

Пожаротим се заканува на  неколку населби во областа.

Не е јасно како  почнал пожарот кој избувнал вчера попладне.

Околу 500 пожарникари и 160 пожарникарски возила се бореле со огнената стихија во текот на ноќта. Огнот се шири многу брзо. Температурите во многу области на Португалија надминуваат 40 степени.

Слични содржини