Ратко Младиќ осуден на доживотна робија

од desk2

На Ратко Младиќ пред Хашкиот трибунал му е изречена првостепена пресуда на доживотна казна затвор. Прогласен е виновен по 11 точки од обвинението.

Младиќ е осуден за геноцид во Сребреница, прогон на муслиманите и Хрватите ширум БиХ, тероризирање на жителите на Сараево и киднапирање припадници на „сините шлемови“ и други злосторства.

Не е виновен само по првата точка од обвинението во кој се зборува за геноцид во седум општини во БиХ. За време на читање на пресудата на Младиќ му се слоши, а потоа беше исфрлен од судница затоа што викаше дека се е „лага“.

Слични содржини