Раул Гонзалез: Не чека голема борба во групата

од Vladimir Zorba

   Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска се наоѓа во групата Ц (по вчерашното извлекување на групите) заедно со европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора.

Натпреварите ќе се играат во Загреб, а во однос на групата македонскиот селектор Раул Гонзалез истакна дека е тешка и ќе има голема борба.

– Тешка група, но сите се такви. Европското првенство е посилно и од Светско. Сите ривали имаат квалитени играчи, кои добро ги познаваме. Јас верувам во мојата екипа. Шест месеци имаме за подготовка како што сакам јас и на мојот начин на работа. Најважен е првиот дуел, изјави Гонзалез.
Во првото коло на 13.јануари Македонија ќе игра против Словенија, на 15.јануари противник ќе биде Црна Гора, а во последното коло од групата два дена подоцна игра со европскиот шампион Германија.

Слични содржини