Раул: Под притисок е сè поинаку, тимот ќе го одредам вечерва

од desk2

Две тренинг сесии и аклиматизација за македонските ракометари во Загреб се веќе завршени. Селекторот Раул Гонзалез веќе е фокусиран на првиот ривал и по утринскиот тренинг најави дека дури вечерва ќе одлучи кои ракометари ќе ги пријави за дуелот утревечер.

„Дојде времето за првиот натпревар. Досега беше едно, игравме пријателски натпревари, тренинзи и се беше без притисок. Сега доаѓа на ред натпреварот со Словенија, тоа е добра репрезентација, освојувач на медал од последното Светското првенство. Со почетокот на првенството доаѓа и притисокот, а кога се игра под притисок, се изгледа поинаку. Но, ние сме подготвени и мислам дека ќе одиграме добар натпревар. За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20.00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре“, смета Шпанецот.

Раул поведе 19 ракометари со себе во Хрватска и вечерва ќе одреди кои тројца ќе бидат на трибините против „змајчеките“.

Слични содржини