Разбојништво, пукање среде кафана, џебна кражба…

од desk3

Policija
На 07.09.2016 година во 06.40 часот во Скопје на бул.„Мајка Тереза“ во ПМВ „Порше Каен“ со белгиски национални ознаки, две непознати лица извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево. Сторителите се доближиле до возилото и го замолиле С.К. да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“. Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото. Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 08.09.2016 година околу 02.19 часот во ЕИК-Скопје, анонимен граѓанин пријавил дека во угостителски објект „Муц“ имало нарушување на Јавниот ред и мир, при што некои од лицата испукале неколку куршуми од пиштол. На местото на настанот биле затекнати повеќе лица (вработени и гости), а пронајдени се еден неиспукан куршум, една чаура и забележана е една дупка во плафонот. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 07.09.2016 година во 11.10 часот во ПС Центар, Р.Н. (49) од Скопје пријавил дека на 05.09.2016 година во 01.00 часот на ул.„Самоилова“, каде се оддржувала манифестацијата „Пиво Ленд“, од страна на непознат сторител му била извршена џебна кражба при што му биле одземени лични документи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини