Разбојниците што избегаа од затвор и врзаа судија во Куманово, четири месеци и бегаат на полицијата

од desk2

Двајцата разбојници што пред Нова година побегнаа од затворот Идризово и нападнаа и врзаа со кабел судија од Кумановскиот суд во неговата викендичка се уште се недостапни за полицијата. Против нив МВР поднесе кривична пријава за разбојништво во отсуство, информира sdk.mk

Луѓе вклучени во истрагата велат дека пронаоѓањето одело тешко поради тоа што во зима тие можеле лесно да се замаскираат со капа и шал и никој да не ги препознае. Ама сега откако се стопли времето се сомневаат дека избегале преку граница и затоа не може да им се влезе во трага.

О.М.(39) од Куманово и Б.К.(47) од Рашче, Скопје, кои се осудени за убиство и за десетина други тешки кривични дела повеќе од 4 месеци се на слобода, иако по нив интензивно се трага, а распишанa е потерницa во државата и на граничните премини. Веднаш по бегањето од затвор, тие биле видени во околината на Куманово, а извршија и неколку кражби на маркет, менувачница и автомобил. Најсилно одекна во јавноста нападот на судијата З.С.(51) и неговиот сосед В.Д. (65), кои на 2 јануари заминале во обиколка на неговата викендичка во кумановското село Зубовце. Таму биле пречекани од затворениците, кои се криеле во куќата. Со сила и со вперен пиштол им наредиле да влезат во викендичкатата, по што ги врзале со електричен кабел и им одзеле околу 10.000 денари, клучеви од автомобилот и мобилните телефони. Потоа побегнале со возилото на судијата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини