Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан уште од вчера е во Скопје. Како што дознава Локално.мк,  средбите и разговорите , подготовките и пеглањето на разликите, кои се почнати од ноќеска во зградата на ЕУ во Скопје, се во функција на денешното конечно решение, и расчистувања на партиските блефови и игри на власта.08(3)

„За моето патување во Поранешната Југословенска Република Македонија: Клучни моменти за водачите да се согласат за излезот од политичката криза“, напиша на својот Твитер-профил еврокомесарот Јоханес Хан, кој ноќеска помина многу малку време во својата соба во Холидеј ИН.

Тој  веднаш по пристигнувањето апелираше до сите политички лидери, да работат во интерес на државата, а не за личните интереси.

– Мислам дека сите треба да помогнат затоа што се работи за државата, треба да се преземе одговорноста и да се работи во интерес на народот, за иднината – изјави Хан.еу инфо

Официјалниот дел е закажан за денеска кога Хан  ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии за да издејствува конечен договор за политичката криза во Македонија. Заедно со него на средбите ќе бидат и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Според соопштението на Европската комисија, Хан ќе има поединечни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

Истата порака дека основата е овој договор вчера ги потсети и американскиот помошник државен секеретар Викторија Нуланд, и порача дека нема узбори без фер подоготвка  и отсапувањата на власта. грујо зајо

Неофицијално до колку Груевски отстапи на најмалку 15о дена пред изборите, и започне да дејствуваат подготовките за  новата преодна влада,  со старт на  сите промени веднаш од ДИК судство, обвинителство, МРТВ,  СДСМ ќе мора веднаш да се врати во парламентот за да започне решавањето на кризата. Истовремено ќе бидат вклучени и специјални набљудувачи и  олеснувачи од ЕУ и САД за спроведување на договореното од јунскиот договор.

Доколку Хан не успее денеска да го спроведе тоа што го зацртаа Вашингтон и Брисел, можно е да ја загрози и загуби и својата позиција  во комисијата, и токму поради тоа денеска сите ќе играат на сѐ или ништо , ќе бидат директни како вчера Нуланд, и ќе се расчистат целосно сите блефови во продуцираната  и оддржувана  криза од врхушката на власта под водство на Груевски и Ахмети.

Слични содржини