Специјалното јавно обвинителство очекува Кривичниот да одговори на нивните жалби до понеделник вечер, кога тече рокот од 48 часа од поднесувањето на жалбите, односно од саботата вечерта кога беа поднесени жалбите.
Од Судот, пак, велат дека по жалбите се постапува во рок од 48 часа од времето кога спротивставените страни ќе ги примат жалбите за одговор.

titanik
„Кога ќе бидат исполнети условите, односно кога судот ќе добие доставница дека спротивставените страни ги примиле жалбите за одговор, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука“,посочуваат од Судот.
СЈО не се согласува со толкувањето на Основниот суд Скопје – 1 за рокот во кој треба да се одлучи по жалбите за одбиениот притвор што го бараше Катица Јанева.

Според нив законот е дециден дека кривичниот совет мора да донесе одлука во рок од 48 часа од поднесувањето на жалбите во Судот. Накусо, од кај Катица Јанева толкуваат дека според законот мора да има одлука до вечерва пред полноќ.

Вишеградската група нуди помош за мигрантите, Германија е против, а Борисов ја поддржува Меркел

Денеска пак во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка треба да се појави лицето И.Г.

Осомничениот, според договорот со судија на претходна постапка и со обвинителот што го издал предлогот, треба да се јави денеска во Судот за да може да постапува Судот по предлогот на СЈО.

Според Судот, досега биле испрашани четири, од вкупно осумтемината осомничени во овој случај, и до крајот на неделава сите треба да дадат исказ.

Слични содржини