РАЗЛИКА ВО РЕЈТИНЗИТЕ МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ 4,2 ОТСТО, КОАЛИЦИЈАТА НА ТРАЈАНОВ ТРЕТА СО 9,1 ОТСТО

од Vladimir Zorba

Разлика во рејтинзите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 4,2 отсто. Ова го покажува анкетата на српската компанија за маркетинг истражувања „Фактор плус адрија“ која прави испитувања на јавното мислење во земјите од југоисточна Европа. Според нивната последна анкета ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 28,1 отсто кај граѓаните, а СДСМ  23,9 отсто. Како неопределени се изјасниле 22,1 процент.izbori

Според оваа анкета на трето место е  „Коалицијата за промени и правда“ со 9,1 отсто предводена од Павле Трајанов (партиите Демократски сојуз ,  здруженијата ФРОДЕМ и ДЕМОСи МОРО-Работничка партија  , а се очекува пристапувањето и на ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство).

Од 1082 испитаници за ДУИ се изјасниле 6,7 отсто, а за ДПА 3,7 отсто. Процентот на неопределените е 22 %, а 64 отсто од анкетираните одговориле дека ќе гласаат на изборите на 11 декември, 12 отсто рекле дека нема да гласаат.


Повеќе од половина од анкетираните рекле дека ќе излезат на гласање на претстојните вонредни парламентарни избори. Загрижувачки висок е процентот на граѓани кои живеат во страв поради актуелната состојба во државата. Така се изјасниле дури 71 отсто од анкетираните. На високо ниво се незадоволството и бесот, а голем е процентот на оние кои изгубиле надеж за излез од проблемите. Анкетираните биле гласни и во ставовите дека корупцијата е во пораст.

Педесет и четири отсто сметаат дека таа е зголемена во последните три години. Анкетата покажува и дека најважни теми за Македонците се здравството, борбата против криминалот, корупцијата и намалување на невработеноста. Според истражувањето, граѓаните решение гледаат во зачленување на земјата во ЕУ, а таа опцијата ја поддржуваат 77 % од анкетираните. Анкетата е спроведена телефонски, во периодот од 19 октовмри до 26 октомври.

Слични содржини