Разликите меѓу обичниот и мудриот родител

од Vladimir Zorba

Да се ​​биде родител е комплексна задача. Повеќето луѓе се обидуваат да  следат правила за родителството, плашејќи се од грешки и нивните последици, и се чини дека забораваат дека најважна е комуникацијата со детето, не заповедите. Сајтот brightside подредува неколку клучни работи кои ги делат просечниот родител и неговите методи на воспитување спрема оние кои повеќе мудриот родител би ги следел. Видете кои се тие и нека ви бидат корисни.

Просечниот родител:
Го поминува целото слободно време со децата, не обрнувајќи внимание на себе и не одделува никакво време за своите омилени активности.
Мудриот родител:
Одвојува време за себе и за своите хобија, на тој начин дава пример на детето да се сака и да наоѓа време за себе.

Просечниот родител:
Бара решение за последиците од даден проблем.
Мудриот родител:
Го бара изворот на проблемот и неговото решение.

Просечниот родител:
Дава готови одговори на детето.
Мудриот родител:
Ги учи децата сами да бараат точни одговори на своите прашања.

Просечниот родител:
Му вели на детето: “Ти не разбираш!”
Мудриот родител вели:
“Пробај повторно, не се откажуваме.”

Просечниот родител:
Секогаш дава други луѓе за пример на детето.
Мудриот родител:
Ги охрабрува децата да бидат свои, да бидат подобри секој нов ден.

Просечниот родител:
Се обидува секогаш да го заштити детето од грешки.
Мудриот родител:
Понекогаш овозможува детето да направи грешка само за да стекне искуство и да си извлече поука.

Просечниот родител:
Вели: “Немој да го правиш тоа!”
Мудриот родител:
Вели: “Размисли за последиците.”

Просечниот родител:
Се обидува да биде добар по секоја цена.
Мудриот родител:
Е отворен кон своите деца, ослободен и природен.

Просечниот родител:
Мисли за себе како за учител.
Мудриот родител:
Мисли дека е повеќе од наставник за своето дете – пријател, едукатор, инспиратор.

Просечниот родител:
Се обидува да му покаже на детето како треба да се направи нешто правилно.
Мудриот родител:
Се обидува да му покаже на детето ЗОШТО треба да направи нешто и што ќе следи од неговите активности.

Слични содржини