Разредениот воздух од горештините во Аризона ги запре летовите

од Vladimir Zorba

Температурните рекорди беа обновени во голем број места во западните делови на САД и доведоа до откажување но летови од аеродромот во Феникс, во сојузната држава Аризона, соопштија американските медиуми.“Американ ерлајнс” (American Airlines) во вторникот објави дека поради екстремните горештини од Феникс се откажани 50 летови. Во понеделникот тие беа 7.

Различните типови авиони имаат ограничување при полетувањето во такви услови, објасни превозникот. За “Ербас” дозволената максимална температура на земјата е 52,8 степени, за “Боинг” (Boeing) e 52,2, за “Бомбардие” (Bombardier) – не повеќе од 47,8 степени.

Во такви услови воздухот е разреден и авионите имаат потреба од повеќе растојание за отцепување од патеката. Во вторникот термометрите во Феникс покажаа 48 степени. Истата рекордна температура беше регистрирана тука за прв пат минатата година.

Блиски до рекордни се температурите во многу места и во Калифорнија – во изминатите денови беше топло во Сан Франциско (31,1), во Сан Хозе (39,4). Во Сакраменто беше 41,1 степен, но во вторникот и овој рекорд од 1988 година беше подобрен до 41,7 степени.

Властите го предупредија населението во поголемиот дел од Калифорнија, јужниот дел на Невада и аризонскиот југозапад да трошат помалку време на сонце, да пијат повеќе вода и да се воздржат од долготрајна физичка активност надвор.

Слични содржини