Разрешен јавниот обвинител Марко Зврлевски

од desk2

Пратениците попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржани“ гласаа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. За време на гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

По гласањето следеше аплауз од страна на пратениците од владејачкото мнозинство.

Расправата за Зврлевски во Собранието траеше речиси еден месец.

Предлогот на владата за негово разрешување беше ставен на расправа во собранието на 12 јули, а дискусијата траеше до вчера, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од понатамошна дебата.

Најголемата опозициска партија се повика на мислењето на антикорупциската комисија, која што тврди дека разрешувањето на Зврлевски во предизборен период било кршење на изборниот законик.

Слични содржини