Разрешена директорката на НУ Завод и Музеј Охрид

од desk2

Со решение на министерот за култура од функцијата е разрешена директорката на Нацоналната установа Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска, а на нејзино место поставен е вршител на должност од редот на вработените.

Решението за разрешувањето пристигнало вчера. Паскали Бунташеска не сакаше да ја коментира одлуката на министерот, во која немало подетално објаснување за причините за смената.

-Немам коментар. Горда сум на мојата работа и на тоа што го направив и оставив за Охрид –  изјави кусо Паскали Бунташеска, пренесе OhridNews.

Ова е втора смена за кус период во националните установи во Охрид. Исто така деновиве од функцијата беше разрешен директорот на НУ фестивал Охридско лето Оливер Арсовски./OhridNews

Слични содржини