Паровите кои се развеле, почнуваат да жалат за одлуката на петтата година, изјави поранешниот судија од британскиот Врховен суд Пол Колриџ, цитиран од британските медиуми.4647635

Според него голем дел од луѓето кои решаваат да не се заедно повеќе, по неколку години жалат за тоа, објасни Пол Колриџ. Тој ги повика паровите внимателно да размислат пред да брзаат да се разделат, бидејќи постојат докази дека секој петти размислува и жали што не се обидел да го спаси бракот.

“Се разбира, постојат случаи кога разводот е неизбежен. Но, 40-годишната моја практика покажува дека повеќе се оние кои по неколку години си велат дека не би требало да го направат тоа. Во бројки податоците покажуваат дека 22% од поранешните парови ја преиспитуваат својата одлука подоцна и сфаќаат дека не требало да брзаат.“

Истражувањето, спроведено од “OnePoll” меѓу 867 разведени Британци, покажува дека 21% жалат за начинот на кој поминал разводот, а 33 отсто се загрижени како разделбата влијаела на нивните деца. 24% си велат дека требало да ги избегнат финансиските последици од чекорот да тргнат по свој пат. Само еден од пет воопшто не жали што се развел.

Слични содржини