Разводот може да ја чини Мел Би позиција во реално шоу

од Vladimir Zorba

Луис Томлинсон е подготвен да ја замени Мел Би како судија во жирито на телевизискиот натпревар “Америка бара талент”, бидејќи продуцентите на шоуто се загрижени дека таа е премногу под стрес поради разводот со Стивен Белафонте, соопшти Контактмјузик.

Поранешната пејачка од Spice Girls во моментов е ангажирана со разводот со Белафонте и организаторите на конкурсот ја размислуваат можноста 25-годишниот поранешен изведувач од One Direction да ја замени, бидејќи таа е подложена на премногу голема тензија и едвај ќе може да продолжи со работа во жирито.

“Се појавуваат сè повеќе гласови во корист на итната нејзина замена со Луис”, изјави близок до шоуто извор. “Некои продуценти се на мислење дека таа ќе биде отстранета, додека не ги среди личните проблеми.”

Креаторот на шоуто Сајмон Кауен сепак е убеден дека изведувачката на хитот “Wannabe” треба да остане во жирито.

“Сајмон е многу лојален на Мел Би, без оглед дека таа е под стрес”, истакна анонимен извор, цитиран од весникот “Дејли стар”.

Разводот на пејачката стана главна тема во светските медиуми, уште повеќе, откако пејачката се пожали на физичко малтретирање. 41-годишната спајсица направи листа на страшните злоупотреби над нејзината личност, меѓу кои има обвинение за давење и влечење по килимот. Таа изјави дека малтретирањето е започнато уште од првата година на нивниот брак, кој беше во 2007 година.

Според Мел Би сопругот  очекува дете од дадилката.

Слични содржини