Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас при гостувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во „Дневникот“ од 19 часот на 10 февруари 2016 година.

avmu

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено – политички теми – гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди.

Без каква било професионална дистанца, без почитување на достоинството на соговорникот и на низа други личности споменати во разговорот, наместо интервју реализирано според правилата за овој новинарски жанр, гледачите беа сведоци на комплетно отсуство на култура на говорот и неетичност.

Советот за етика во медиумите го осуди однесувањето на Латас: Злоупотреба на функцијата новинар, уредник и домаќин

Имајќи предвид дека почитувањето на новинарските стандарди е предмет на саморегулација, Агенцијата ги повикува Советот за етика во медиумите на Македонија и новинарските здруженија да ги преземат мерките што им стојат на располагање.

Агенцијата уште еднаш ги потсетува радиодифузерите на соопштението со кое пред само неколку дена ги повика да ги почитуваат професионалните стандарди коишто се основа за вршење на новинарската професија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Слични содржини