Како поминува времето Зоран Заев е се поповршен и провиден во неговите лаги и измислици, оцени денеска ВМРО-ДПМНЕ по најновата т.н. бомба на СДСМ.

vmro-dpmne-soopstenie

– Заев продолжи да одработува за странски центри и интереси спротивни на интересите на граѓаните и да пушта креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо дури и со очајните обиди на Заев да им даде некаков наводен наратив, да ги раскажува и прераскажува, објаснува и дообјаснува, и да може да манипулира, злоупотребува и да ги прикажува во одреден неточен контекст кој само него му одговара, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, со денешната прес-конференција уште еднаш се докажа дека крајната цел на сцериото чиј извршител е Заев е дестабилизација и обид за внесување криза.

– Затоа омилената тема на Заев е безбедносниот систем, и затоа тој денеска недозволиво откриваше информации за капацитетот на безбедносните служби, обидувајќи се да го загрози неговото функционирање. Заев денеска, на крајно безобзирен начин и повторно неводејќи сметка за државните интереси разоткриваше информации за плановите за кадровското доекипирање на службите за безбедност и зголемување на нивната оперативност. Тоа е класично антидржавно однесување и граѓаните тоа го препознаваат и затоа не го посдржуваат, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Заев освен тоа што го спроведува своето антидржавно сценарио, е и крајно лицимерен, додава владејачката партија.

– Заев сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој ќе јаде живи луѓе и дека ќе ги брка луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини