Реакција на РЕК „Битола“ на прес конференцијата на СДСМ

од Vladimir Zorba

timthumb

Опозицијата  во обид да собере ситни политички поени  постојано  излегува со контрадикторни тези во јавностa  за функционирањето на РЕК Битола. Речиси од сите погонски настани во РЕК Битола прават  медиумски циркус , а за секој застој на термо блоковите  шпекулираат  дека станува збор за хаварија. Опозицијата не може да разбере дека производството е сложен процес во кој партиципираат сите расположливи капацитети на АД ЕЛЕМ.

РЕК Битола во моментот работи со планиран капацитет согласно потребите од електрична енергија на тарифните потрошувачи. Рудниците во комбинатот во континуитет ги испорачуваат планираните количини јаглен и нема потреба од никаква загриженост, бидејќи во моментот депонијата располага со планираните количини јаглен, оптимални за овој период од годината. Граѓаните може да очекуваа спокојна грејна сезона затоа што сите производни капацитети во РЕК Битола, како и сите расположливи производни потенцијали на АД ЕЛЕМ се на располагање за претстојниот зимски период и тие ќе се прилагодуваат според потребите на потрошувачите на регулираниот пазар за електрична енергија.

Стручните служби на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола, постојано прават детални анализи, засновани на потребите на потрошувачите на регулираниот пазар за електрична енергија и носат одлуки во насока на оптимизација на вкупните производни потенцијали на ЕЛЕМ. Имајќи предвид дека претстои период во кој се очекуваат зголемени врнежи што детерминира и приспособување на акумулациите за примање на зголемени количини на вода, во моментот предност при производството на електрична енергија е дадена на постојните хидроцентрали. Овој процес е потребен за да се обезбеди доволно простор во постојните акумулации за прием на нови дотоци кои се очекуваат и со топењето на снегот кон крајот на претстојната зима, како и во текот на пролетта. Со оптимизација на сите постојни производни капацитети, АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува потребните количини на електрична енергија, па според тоа не може да стане збор за некакви зголемени трошоци на производство на кои алудираат од СДСМ, туку токму спротивното.

РЕК„БИТОЛА“

Слични содржини