Реал бара 120 милиони евра за Герет Бејл

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Реал Мадрид е подготвен да се раздели со Герет Бејл, но само за сума од 120 милиони евра, објави „Експрес“.

Меѓу кандидатите за потписот на репрезентативецот на Велс се Челзи, Манчестер Јунајтед и неговиот поранешен клуб Тотенхем.

Дваесет и осум-годишниот офанзивен фудбалер имал разговор со претседателот на Реал, Флорентино Перез, кој се согласил да го врати во Премиер Лигата. Единствениот услов е предложената сума за трансфер да го задоволи клубот.

Бејл беше привлечен во Реал Мадрид во септември 2013 година за 100 милиони евра, а досега одигра 119 натпревари и постигна 63 гола

Слични содржини