Реал го продава Бензема во ПСЖ и го зема Нејмар

од Vladimir Zorba

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид е подготвен да се раздели со францускиот напаѓач Карим Бензема во летото за 50 милиони евра, соопштува sport.es.

Според извор од клубот меѓу варијантите е шпанскиот шампион да го понуди Бензема на Пари Сен Жермен, како дел од договорот за привлекувањето на Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“.

Во оваа сезона, 30-годишниот напаѓач има 8 гола и 9 асистенции во 33 натпревари за Реал.

Како што е познато, Реал отпадна од Купот на Шпанија и нема шанса да ја стигне Барселона во битката за титулата.

„Кралевите“ сепак се во 1/4-финалето во Лигата на шампионите и ќе се обидат да направат нешто историско – да го освојат трофејот по трет пат по ред.

Слични содржини