Реал ја крева платата на Роналдо на 30 милиони евра

од Vladimir Zorba

Раководството на Реал Мадрид започна процедура за нов договор на мегаѕвездата Кристијано Роналдо, а се очекува деталите да бидат финализирани пред светското првенство ова лето, објави весникот „АС“.

Според информациите, шефот на клубот, Хозе Ангел Санчез, веќе го информирал 33-годишниот Португалец за желбата на шефот.

Самиот Роналдо позитивно ги оценил напорите на Реал за нов договор, со кој платата на играчот ќе биде зголемена од 21 на 30 милиони евра по сезона и тоа ќе го приближи до платата на Нејмар во ПСЖ, која е 35 милиони евра.

Актуелниот договор на Кристијано со Реал истекува во летото 2021 година, а во новиот договор не се предвидува продолжување на рокот.

Слични содржини