Реал ја освои шампионската титула во Шпанија

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија шампионската титула во Шпанија.

„Кралскиот“ клуб не дозволи изненадување, и во натпреварот од последното 38.коло во  Примера славеше победа на гостувањето кај Малага со 2-0. Уште во 2.минута Кристијано Роналдо го отвори резултатот, а по десет минути игра во вториот дел (55) Карим Бензема ги постави конечните 2-0.

Така залудна беше победата на Барселона над Еибар со 4-2, бидејќи Реал ја сочува предноста од три бода во однос на големиот ривал.

За Реал ова е 33-ти трофеј првак на Шпанија, а прв сезонава, но „кралевите“ ќе имаат можност да освојат уште еден, на 3 јуни кога во Кардиф против Јувентус ќе играат во финалето на Лигата на шампионите

Слични содржини