Реал ја победи Барселона во трката за одличниот дефанзивец

од desk2

Фудбалските клубови Реал и Атлетико Мадрид постигнаа договор околку трансферот на Тео Хернанрез. Оваа вест денеска ја потврди мадридската Марка која тврди дека Атлетико ја прифатил понудата од 26 милиони евра, односно два повеќе од откупната клаузула на Тео.

Марка исто така итакна дека Тео Хернандез ќе биде претставен на почетокот на јули, како прво големо, односно трето засилување, доколку ги земеме во предвид Валехо и Љоренте кои се враќаат во својот клуб од позајмицата во Франкфурт и Алвес.

Потсетуваме, Ернандез беше голема желба и на Барселона, но на крајот ќе се пресели во Реал за да ја засили конкуренцијата на Марсело на позицијата лев бек.

Ова е само почетокот на бурното лето кое предстои во Реал Мадрид./Спортси

Слични содржини