Реал Мадрид поуспешен од Барселона во Евролигата

од Vladimir Zorba

 

Кошаркарите на Реал Мадрид се вратија на првото место на табелата во кошаркарската Евролига откако синоќа ја победија Барселона со 85:69 на последниот натпревар од 27.коло.Најдобар и најефиаксен на дуелот беше Серхио Љуљ од Реал Мадрид со 21 поен.
На другите натпревари одиграни синоќа:
ЦСКА Москва – Дарушафака 95:85,
Црвена звезда – Олимпијакос 64:66 (по продолжение) и
Галатасарај – Уникс 75:67.
Во вторникот:
Фенербахче – Макаби 79:81,
Жалгирис – Анадолу Ефес 68:76,
Бамберг – Басконија 71:96 и
Панатинаикос – Армани Милано 74:61.
Табела: Реал Мадрид 20-7 (победи – порази),ЦСКА Москва 20-7 ,  Олимпијакос 19-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена звезда 15-12, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-14, Жалгирис 12-15, Барселона 10-17, Галатасарај 10-17, Макаби 10-17, Бамберг 9-18, Уникс 7-20, Армани Милано 7-20.
Пласман досега во ТОП 8 фазата имаат обезбедено: ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче, Басконија и Панатинаикос.
Вечерва се играат првите четири натпревари од 28.коло, а двојките се: Анадолу Ефес – Фенербахче,
Макаби – Жалгирис,
Армани Милано – Бамберг и
Басконија – Панатинаикос.
Утре се играат дуелите:
Уникс Казан – ЦСКА Москва,
Дарушафака – Галатасарај,
Олимпијакос – Реал Мадрид и
Барселона – Црвена звезда. /MIA

Слични содржини