Реал преживеа против Јуве со пенал во 90-тата минута, досадно реми на „Алијанц Арена“

од Vladimir Zorba

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид мина низ деветте круга на пеколот, за да се рангира во 1/2-финалето во Лигата на шампиони.

„Кралскиот клуб“ со лесна рака потроши предност од 3:0 против Јувентус од Торино и до 61-та минута „бјанконерите“ ја избришаа негативата по два гола на Марио Манџукиќ (2, 68) и еден на Матуиди (61) .

Во продолжението на натпреварот драмата на „Сантијаго Бернабеу“ стана целосна. Меди Бенатиа направи пенал против Лукас Васкез а Џанлуиџи Буфон беше избркан со директен црвен картон поради жестоките приговори кон судијата.

Кристијано Роналдо го реализира пеналот и го испрати Реал меѓу четирите најдобри екипи во првенството, каде се уште Баерн Минхен, Ливерпул и Рома.

Баерн и Севиља пак одиграа нерешено 0:0 во реваншот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Домаќините во целост ги диктираа настаните на теренот, но беа премногу неефикасни во првите редови и така, и не успеаја да стигнат дури до минимален успех.

Сепак, со вкупен резултат од двата натпревари 2:1 во нивна полза, тие продолжуваат во 1/2-финалето на најпрестижниот фудбалски турнир.

Слични содржини