Ребел Вилсон со потрес на мозокот за време на снимање на филм

од Vladimir Zorba

Актерката Ребел Вилсон доживеа инцидент на сетот. 37-годишната актерка сподели со своите фанови на социјалните сајтови дека сеак се чувствува подобро.

Излегува дека лекарите ѝ дијагностицирале потрес на мозокот, пишува OK Magazine.

Го почнав денот со паѓање, резултатот е потрес на мозокот”, напиша Вилсон во Instagram. „Сепак не изгледам толку лошо по несреќата. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа до мене. Во наредните неколку дена не очекувајте од мене никакви луди трикови, додаде таа на Twitter.

Во моментов таа е во Њујорк, каде што тече снимањето на филмот “Не е ли романтично тоа”, каде Вилсон се снима со Лиам Хемсворт, Пријанка Чопра и други колеги.

Во комедијата настаните се развиваат околу Денот на вљубените. Главната хероина е млада жена, која е разочарана од љубовта и веќе практично престанува да верува во неа, но запаѓа во нова романтична стапица.

Се очекува филмот да излезе на екраните во 2019 година,

Слични содржини