Во моментов е сезона на малите свежи компири, па мора да се искористат предностите на нивниот прекрасен вкус, додека сè уште ја имате таа можност. Повеќето луѓе сакаат компир салата, затоа денес ќе ви презентираме рецепт токму за таква – но со свежи компири. Во случај да се прашувате што вкусно, лесно и брзо  да зготвите, пробајте една поинаква компир салата.96b4eab7129ba733614a5c7ec17dc253

Еве ги потребните производи за осум порции од неа:

– Околу 800 грама мали свежи компири;

– Сок од 2 лимона;

– 3 лажици маслиново масло (или повеќе по вкус);

– ½ чаша мајонез;

– Сол и бибер по вкус;

– 1 лажица песто;

– ¼ чаша кикирики;

– Мали листови босилек.

Начин на приготвување:

1. Сварете ги компирите во малку посолена вода и потоа оставете ги во сад настрана. Откако малку ќе се оладат, пресечете го компирот на две (поголемите од нив).

Фото: thepioneerwoman.com

2. По желба испржете кикирики во тава на ниска температура, додека станат малку златни.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Измешајте сок од лимон, маслиновото масло, мајонез, сол, црн пипер и песто, додека не добиете кремаста смеса. ОПробајте и додајте уште зачини, ако сакате.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Истурете ја смесата врз компирите и добро промешајте. Покријте ја чинијата и оставете ја компир салатата во фрижидер неколку часа.

Фото: thepioneerwoman.com

5. Потоа извадете ја салатата од фрижидерот, додајте кикирики и промешајте. Додадете неколку ливчиња босилек и сервирајте.

Слични содржини