Потребни производи:
За 4 порции:
4 лажичиња путер
1 кромид
600 мл зеленчукова супа
900 г излупени домати
225 г макарони-спирали
1 лажиче шеќер
150 мл павлака
сол и бибер
свеж босилек3fa730de02cb91adb28205a18a2e66a1

Подготовка:
Начин на приготвување:
Стопете го путерот во голем сад и додадете кромид, па пропржете за 3 минути. Додадете 300 мл зеленчукова супа заедно со исечените домати. Варете ја супата за околу 20 минути.

Тргнете го садот од топлина и оставете да се излади. Земете ја супата и исцедете во фина цедалка помагајќи си со дрвена лажица. Додајте ја останатата супа и макароните во садот. Посипете со зачините (по ваш вкус). Додадете шеќер кон супата и на бавен оган продолжете со готвење за 15 минути. Послужете ја супата додека е се уште топла и гарнирајте со леб, босилек и павлака.

Слични содржини