Состојки

  • 175гр. сланина
  • 50мл. маслиново масло
  • 2 чешниња лук, сецкани
  • 1 главица праз, ситно сецкан
  • 2 моркови, сецкани
  • 2 главици целер, ситно сецкан
  • 200гр. компири, излупени и ситно сецкани на коцки
  • 350гр. зелка, ситно сецкана
  • 1 ловоров лист
  • 1.5 литри пилешка супа од коцка
  • 800гр. домати од конзерва (пелати)
  • 175гр. ситни тестенини за во супа
  • 400гр. сварен шарен грав
  • 2 лажици крупно сецкан магдонос
  • 2 лажици свеж босилек
  • 200гр. рендан пармезан

download (2)

Постапка

Излупете ја кората на сланината и тргнете ја на страна. Исецкајте ја сланината на ситни парчиња. Загрејте масло во поголемо тенџере на среден оган и додадете ја сланината, праз, лук, моркови, целер, компир, зелка и ловор.
Покријте го тенџерето со капак и гответе го зеленчукот околу 15 минути со повремено мешање. Потоа одстранете го капакот. Додадете ги доматите, кората од сланинината и пилешка супа од коцка. Кога ќе зоврие супата намалете ја јачината на ринглата и гответе ја 10 минути.
Додадете ги тестенините и варениот грав, зголемете ја јачината на супата и оставете ја да зоврие. Потоа повторно намалете ја јачината и покријте го тенџерето со капак и гответе ја супата уште 8 минути.
Одстранете ја кората од сланината од супата. Додадете во супата магдонос и босилек и добро промешајте ја. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Послужете ја супата веднаш со додаток на рендан пармезан во секоја чинија./Мојакујна.мк

Слични содржини