Производи:
6 големи свежи компири
150 г обичен маслец или маслец со билки и зачини
150 г кашкавал
Чедар сирење
1 мала павлака
млад кромид737fe26f0f4091fae07ec969465df452

Подготовка:
Измијте го добро компирот, но не го лупете. Ставете го во посолена вода што врие неколку минути, за да поомекне. Потоа со помош на остар нож пресечете го компирот на тенки парчиња. Како што ги отсекувате, не го разделувајте компирот до крајот. Парчето треба само малку да се рашири.

Започнете да ставате од маслецот и кашкавалот на тенки парчиња. За да ви е полесно со маслецот ставете го за неколку минути во замрзнувач. Откако ќе ги наполните компирите, испрскајте со малку маслиново масло. Ставете  да се пече во умерена рерна.

Кога сте речиси готови посипете го компирот по желба со чедар сирење. Послужете со малку павлака во која сте ставиле млад кромид. Кон производите може да додадете и тенко исечен колбас или шунка.

Слични содржини