Морската храна е исклучителна здрава и корисна за организмот, но е скапа за често консумирање во ресторан. Од друга страна пак, нашите кујнски навики, некако не ги вклучуваат во домашната исхрана. Најчесто тоа се должи на верувањето дека е потешка за подготовка.546a7a70d35a38d02a4851abf38ab395

За да ве убедиме дека не е така, ви прикажуваме еден рецепт кој ќе ве увери во спротивното!

Потребни производи:
1 кг свежи излупени ракчиња
6 лажици масло (сончогледово)
¼ чаша маслиново масло
1 лажица мелен лук
1 лажица мелен кромид
2 лажици сецкан свеж див кромид
сол и бибер по вкус
½ лажичка црвен пипер

Подготовка:

Загрејте ја скарата на висока температура.
Во меѓувреме, во голем сад измешајте го маслтоо, маслиновото масло, лукот, двата вида кромид, солта, црниот и црвениот пипер. Промешајте многу добро.

Додадете ги ракчињата во маринадата. Оставете ги за околу 15 минути да впијат од мирисите и соковите.

Подмачкајте ја скарата. Печете ги ракчињата од секоја страна по 2-3 минути, за да не загорат.

Слични содржини