Пoтребни производи:
1 кг ребра
¾ чаша соја сос
¾ чаша кафеав шеќер
¾ чаша вода
1 чешне лук, истолчено
2 стапчиња млад кромид, сецкани
1 лажица сусамово маслоa9be5db130acd19646fd34c5b78a44cf

Подготовка:
Во голем сад измешајте соја сос, кафеав шеќер, вода, лук, свежи кромид и сусамовото масло, додека шеќерот се раствора. Добро промешајте. Ставете ги ребрата во маринадата и чувајте во фрижидер најмалку 3 часа. Загрејте ја скарата на висока температура. Малку подмачкајте ја  решетката. Исцедете го вишокот маринада од ребрата и печете на претходно загреана скара по 7-8 минути од секоја страна.

Слични содржини