Често ни се случува да се колебаме многу дали да се запреме на нискокалорична салата, или да се обложуваме на вкусот и да приготвиме паста.7afc37f19f833a23eb6afb9c29123855

Кулинарската магија ни обезбедува безброј варијанти и можности со кои нема да правиме компромис ниту со едното, ниту другото.

Денес ќе ви претставиме лесен и вкусен рецепт за салата со песто и паста, чиј вкус е не само заситен, но и многу свеж.

За подготовка ќе ви требаат 12 минути, а производите ќе ви стигнат точно за 4 порции.

Ќе ви бидат потребни:

Половина пакет шпагети

1 супена лажица песто

½ чаша рендан пармезан

½ чаша мајонез

½ чаша павлака

¼ чаша млеко

½ с.л. Сол

½ с.л. Црн пипер

1 марула, ситно исечкана

1 чаша домати

½ чаша маслинки

Моцарела, исечкана на коцки

4 с.л. ореви

Начин на приготвување:

Сварете ја пастата во посолена вода следејќи ги инструкциите на грбот на пакетот. Откако е подготвена, исцедете ја водата и исплакнете со ладна вода. Оставете настрана, за да се излади.

Кога веќе е малку ладна, додадете го пестото. Во случај да сакате цврста покриеност, може да се зголеми двојно дозата.

Додадете пармезан и добро промешајте. Покријте ја пастата со фолија и оставете во фрижидер.

Направете дресинг со тоа што ќе ги помешате на едно место мајонезот, павлака и млекото со остатокот од пестото.

Додаде сол и бибер по вкус и ако сакате повеќе зачинетост, зголемете го квантитетот.

Пожелно е дресингот да биде течен на конзистентност, за да може да полето цврсто да ја прекире целата салата. Покријте и оставете настрана.

На претходно загреана тава истурете ореви и оставете да се запечат, додека не добијат златна боја од сите страни.

За да се “состави” салатата, направете постела од марула во голем сад. Покријте великодушно со песто.

Додаде ги доматите, маслинките и парчиња сирење.

Со лажица полијте ја обилно салатата – ако дресингот ви е добро направен, нема да остане на врвот, туку ќе се истури и во основата.

Посипете со ореви, малку пармезан и сервирајте.

Слични содржини