Од неодамна кељот станува познат, вклучувајќи и во Македонија.096580fd2121c27f62af3b42f943bb44

Зелено-листното растение е исклучително корисно, затоа е убаво тоа да присуствува во вашето мени.

Ако пак сте фанови на италијанската кујна и попрецизно пастата, ви нудиме рецепт за тестенини со пилешко и кељ.

Ќе ви се потребни само околу 30 минути и следниве состојки за да приготвите осум порции:

– 500 грама тестенини – зготвени според инструкциите;

– 3 пилешки гради без кожа – сечени на парчиња;

– Сол и бибер – по вкус;

– 2 лажици масло;

– 2 лажици маслиново масло;

– 4 чешниња лук – пасиран;

– ¾ чаша суво бело вино;

– ¾ чаша пилешки бујон (повеќе по потреба);

– 1 врска кељ – на парчиња;

– 2 чаши домати – исечени на половина;

– Пармезан – по вкус;

Начин на приготвување:

1. Загрејте го маслиновото масло во голема тава на висока температура. Додадете ги пилешките гради, кои однапред може да ги зачините со сол и црн пипер. Не мешајте една минута, за да може месото да потемни Во интервали вртете ги парчињата од сите страни.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Кога ќе завршите со готвењето на месото, намалете ја температурата до средна. Ставете го лукот и мешајте енергично за да го избегнете горењето. По околу 30 секунди го истурете виното и пилешката супа. Може да додадете уште зачини по вкус. Гответе ја смесата додека не се намали на половина.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Исклучете го шпоретот. Потоа додадете го кељот, доматите, пастата, пилешкото месо и пармезан.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Измешајте ги добро сите состојки и сервирајте.

Фото: thepioneerwoman.com

Слични содржини